(ФОТО) Кога човек од 45 години ќе се заљуби во 25-годишна: Дали љубовта е слепа?

Добивај вести на Viber

Актерот Леонардо Дикаприо својата девојка Камила Морон ја води на планински врвови и елитни ски-центри, но и на модерни летувалишта. Каде и да се појават, папараците ги следат, бидејќи нивните фотографии вредат многу.

Додека Камила своето манекенско тело го облекува во провокативни бикини, актерот без проблем го покажува својот стомак и вишокот килограми. Изгледа дека тоа не му смета ни нему, ни на неговата девојка.

Разликата во годините меѓу заљубената двојка најмногу им смета на обожавателите на популарниот актер, бидејќи не им е јасно зошто Дикаприо го привлекуваат двојно помлади девојки, поради кои изгледа крајно неодговорно.

Пред Камила, Леонардо се забавуваше со Бар Рафаели и Нина Ангдал. Со двете манекенки раскина откако наполнија 25 години. Сите се запрашуваат дали истата судбина ја чека и Камила?