(ФОТО) Кошула-фустан и опуштена фризура: Иванка Трамп го промени стилот на облекување
Убавата ќерка на Доналд Трамп започна ново поглавје во нејзиниот живот на Флорида - и тоа е придружено со промена на стилот
Иванка Трамп целосно го смени стилот откако ги напушти Белата куќа и Вашингтон и се пресели во Мајами со своето семејство!
Се чини дека Иванка ужива во сончевите Мајами и Флорида, а тоа се гледа и по нејзината различна, опуштена гардероба.
Стилот на Иванка Трамп отсекогаш бил коментиран и пофален, но очигледно решила да „паузира“ од гламурозните изданија што се очекуваат од некој на нејзино место, сепак и таа е само мајка па одлучила да облече нешто поопуштено за извршување на должностите на мајка, со оглед на тоа што била фотографирана во друштво на нејзините деца.
Иванка беше фотографирана од папараците во зелен кошула-фустан со средна должина, кој го носеше со кожена кафеава чанта, додека на лицето има заштитна маска со цветни мотиви. Носеше лежерни сандали и ја врза косата во едноставна и опуштена пунџа.
Инаку, Иванка со денови е во спортски изданија или изданија за на плажа, а останува да видиме дали наскоро повторно ќе ја видиме во елегантни фустани како што бевме навикнати.
извор:GLOSSY
фото:PROFIMEDIAРазводи, изневерувања, чудни врски: Ѕирнете во животот на децата на Доналд Трамп