Иванка жали, Тифани се сврши: Што прават жените во семејството Трамп пред заминувањето од Белата Куќа
Останаа само неколку часа до инаугурацијата на Џо Бајден за нов американски претседател, што автоматски значи заминување на Доналд Трамп од Белата куќа. Веќе е познато дека семејството Трамп нема да присуствува на заклетвата на 46-от американски претседател, бидејќи имаат намера да го напуштат Вашингтон во раните утрински часови, и единствената која во моментов не може да ја скрие својата среќа е помладата ќерка на Трамп од бракот со Марла Мејплс, Тифани Трамп.
И додека повеќето членови на семејството Трамп се во „жалост“ бидејќи за неколку часа ќе мора да ги напуштат своите домови во Вашингтон, како и Белата куќа, каде ги поминаа последните четири години, Тифани Трамп има многу причини да слави. На денот кога нејзиниот татко ги извршуваше своите последни должности како американски претседател, таа на Инстаграм објави дека се вери со нејзиното четиригодишно помладо момче, милијардерот Мајкл Булос.
Тифани објави фотографија на која позира со својот вереник во Белата куќа - и двајцата елегантно облечени во црно.
27-годишната девојка се пофали со среќната вест.
Во последните четири години, медиумите постојано истакнуваа дека Трамп ја користи Тифани само во ситуации како онаа кога ја најави својата рекандидатура и слично, сè со цел да создаде илузија на идеално семејство. Токму од таа причина, Тифани Трамп често ја нарекуваат како „отфрлената ќерка“.
„Навистина беше чест да се слават многу историски прослави и да се создаваат спомени со моето семејство овде, во Белата куќа, и најубав од сите спомени ќе биде мојата свршувачка со неверојатниот човек Мајкл!“, напиша Тифани Трамп покрај фотографијата.
И додека Тифани слави, медиумите не престануваат да пишуваат за најмилата на Трамп, Иванка Трамп, која не излегува од црнилото последните денови, како да се обидува да предизвика тага со облеката поради напуштањето на Белата куќа и сите обврски што ги имаше таму.
Ни Меланија Трамп, која веќе е во Флорида, не доби помалку медиумски простор - јавноста сè уште се забавува по повод нејзиното одбивање да биде домаќин на нејзината наследничка Џил Бајден, во последните денови од нејзиниот престој во Белата куќа.
извор:stil.kurir.rs
фото:profimedia
Toa беше најголема чест во мојот живот: Проштална порака од Првата дама на САД Меланија Трамп
Разводи, изневерувања, чудни врски: Ѕирнете во животот на децата на Доналд Трамп