(ФОТО) Љубовното гнездо на Бред Пит и Џенифер Анистон: Раскошна вила од 45 милиони долари

Во времето на својата најголема љубов, познатата двoјка за заеднички живот избра вила како од бајките на Беверли Хилс, која сега се продава за неверојатни 44,5 милиони долари.

Џенифер Анистон и Бред Пит се венчаа во 2000-та година, а во периодот на својата најголема среќа во врската се криеја во елитниот дел на Лос Анџелес. Двојката за свое љубовно и семејно гнездо избра луксузна вила на два ката која содржи четири спални соби, голема трпезарија, како и голема дневна соба со излез на базен и двор од бајките со многу зеленило. Во непосредна близина на куќата се наоѓа и тениски терен, како и посебна куќа за гости.