(ФОТО) Лозано доби двојно државјанство

Лозано на својот инстаграм профил се пофали со нов пасош, Вевчански. Пејачот вечерва ќе настапи во Вевчани, по повод овогодинешниот карневал, кој се одржува под мотото „Напрај се василичар“.

Најавени се над 1.000 маски, богата програма со културно-забавни содржини и повеќе од 10.000 посетители од земјата и странство.

Градоначалникот на општина Вевчани, Сашо Јанкоски, пред десетина дена преку прес-конференција најави дека се‘ е подготвено за карневалот.


Програмата официјално почнува денес 12.01 од 19 часот на отворената сцена на игралиштето, каде што учество ќе земат DJ Todoroff, македонското поп-рок дуо Eye Cue, Brass Brothers и Влатко Лозаноски. Кулминацијата очекувано е да се случи на 13 јануари, кога маските што се кријат во тајност 365 дена, ќе бидат претставени пред јавноста на големото василичарско дефиле.