(ФОТО) Лозано како Дедо мраз ги израдува децата

Добивај вести на Viber

Поп-пејачот Влатко Лозаноски-Лозано се облече како Дедо Мраз за да ја израдува неговата најмлада публика. Фотографиите, ги објави на својот Инстаграм профил. 

Лозано на децата во „Скопје Сити мол“ им го подари својот нов албум „Десет“, кој е со симболичен наслов поради тоа што пејачот слави десет години музичка кариера.

„ Албумот нема да се продава. Ќе го подарувам секаде каде што можам и колку што можам. Би бил среќен ако песните на сите мои колеги и моите песни допрат до што повеќе публика“, ни изјави пејачот. Минатата година беше успешна, хитовска година за Лозано. „Камо тебе да те имам“, „Километри“, „Јако јако“, и „Надеж“ се дел од песните кои ги освоија сите генерации, а се наоѓаат на новиот албум. (М.Џ.)