(ФОТО) Матео за прв пат на скиии на неполни три години: Кристина со семејството ужива во Банско
Кристина Арнаудова со семејството ужива на зимски одмор во Банско. Пејачката, автор и претседател на здружението „Проект среќа“ објави фотографии од својот помал син Матео, кој има неполни три години и оваа зима за прв пат се качил на скии. Поголемиот син, Максим кој има осум години, скија од три ипол години. Долгогодишен скијач е и нејзиниот сопруг, Александар Петровски, директор на „ВИП Арената“.
Кристина и Александар со синовите Максим и Матео, Максим скија од три ипол години
„ Матео е сѐ уште мал ама сакавме да го добие чувството и да не се плаши. Да му вродиме љубов кон скијањето. Матео уште нема полни три години, и реално околу четири би можел веќе да скија“, ни изјави Кристина од Банско.
Таа ни раскажа и за бордањето како нејзина голема страст.
Сопругот на Кристина, Александар го учи Матео да скија
„ Во семејството само јас бордам и тоа присилно, бидејќи не сакав да им бидам лош пример на децата, односно да се прашуваат зошто мајка им не скија и не прави ништо, хахах. Па, така по малку бордам. Инаку, не сум љубител на зимата, ама се учам да ја сакам. Бидејќи глупаво би било да поминувам три месеци во годината во кукање дека е ладно, хахаха“, додаде Арнаудова. (М.Џ.)