(ФОТО) Мојата кукла: Лидија Кочовска горда на внуката Нела
Мојата кукла. Ја
сакам до месечината и назад, напиша познатата пејачка Лидија Кочовска под
фотографијата со нејзината внука која ја објави на „Фејсбук“.
Нела е ќерка на актерите Тања Кочовска и Предраг Павловски кои од бракот кој трае речиси две и пол децении го имаат и синот Александар. За разлика од синот кој заврши факултет за туризам, Нела тргна по стапките на своите родители и е студент на ФДУ.
- Тие се деца кои се израснати со двајца актери, а актерскиот живот не е баш едноставен. Тоа се деца кои никогаш не ми повишиле тон и се благодарни на се што сме им дале во животот. Не дека некогаш не знаат да изненадат. Се чувствувам многу горда мајка со добро воспитани деца - ни изјави Тања за своите деца во претходно интервју за Женски магазин.