(ФОТО) Најсексапилниот доктор: Згоден, паметен, нежен и со италијански акцент

Интернетот е полн со убави и згодни момци, но стануваат вирални само кога се посебни и го имаат оној „икс“ фактор.

Често таквите мажи се затвореници со харизма на лошо момче, пожарникари или херои кои се подготвени да ги спасат несреќните, а понекогаш тоа се преслатки, згодни и паметни доктори! Токму таков е овој овде!

Џовани Анџиолини има 38 години и потекнува од Сардинија, медицина завршил со одличен успех, а специјализирал ортопедија, додека искуство стекнал во родната Италија.

Иако во 2015-та година се натпреваруваше во италијанскиот „Голем Брат“, внимание привлече неодамна со објавите на социјалните мрежи.

Само штом објави фотографија од својата ординација и ја најави својата медицинска кариера, доби милион коментари од женскиот пол, па стана популарен уште истиот ден.

За волја на вистината, овој доктор би можел навистина да стане модел. Зелени очи, големи и бели заби, ниту една брчка, брада, 186 центиметри висина и 80 килограми- веќе звучи како вистински убавец. Додајте на тоа и докторска диплома и италијански акцент.  

Што велите сите заедно да закажеме преглед во Сардинија?