(ФОТО) Нека ми се повтори 2018: Иванна Хаџиевска

Добивај вести на Viber

Иванна Хаџиевска ја паметиме уште како водителка на емисијата „Ексклузив“ на ТВ А1, а сега е шеф на протокол на премиерот Зоран Заев.

Убавата стружанка на својот профил на Инстаграм откри дека имала најубава година досега.

- Мене 2018 вака! Нека ми се стави на повторување- напиша Иванна под фотографијата на која со крената рака и бидермаер задоволно и среќно се смее.


Во интервју за Женски Магазин, таа објасни дека има доста набиена агенда и дека еден ден не и е доволен.

- Аларм, ладен туш за освестување, свежо цеден сок, смс пораки, бадеми, телефонски повици, чај, велосипед, мејлови, агенди, високи потпетици, состаноци, јаболко во лет, авионски билети, книги, вода, луѓе, трчање, разговори, возила, организации, задолжителна средба со убави лица и размена на реченица, две, три, за да ја променам положбата на неудобност од официјалната картонска кутија… игри со кучињата, со другарките, домашни обврски, подготовки за утре, сопруг… и ми се чини дека 24 часа ми се малку - раскажа Иванна.