(ФОТО) Од дедо ми научив како се сака: Џамбазов се сеќава на Прличко
Игор Џамбазов сподели црно-бела фотографија од својот дедо, легендарниот актер Петре Прличко. Сликата е стара од 1975 година, кога дедото и внукот заедно играа во култната партизанска серија „Волшебното самарче“.
Игор и Прличко заедно играа во серијата „Волшебното самарче“.- фотографија од 1975 година
Улогата на Трајче дрварчето беше првата улога на Џамбазов по кој го запозна јавноста. Во серијата играше и неговата мајка, Анче Џамбазова, ќерката на Прличко.
„ Од мајка ми и од дедо ми се трудев да ги запомнам најубавите совети. И мислам дека успеав да ги сочувам до ден денешен. Од нив двајца научив како навистина се сака театарот. Со посветеност и професионализам. Иако секој од нас има свои “жолти минути“, па така за 35 години во театарот нормално е да се случат и некои грешки кои за среќа не влијаеа многу на мојата кариера“, изјави Џамбазов во интервју за Женски магазин.