(ФОТО) Од гламур до кич: 10 венчавки кои ја одбележаа 2018

Добивај вести на Viber

Оваа 2018-та година, која веќе е пред крајот, ја одбележаа неколку венчавки кои со возбуда ги следеше целиот свет. Секако дел од нив беа кралски, некои беа во тајност, а некои неочекувани, но сите за себе посебни.

Еве по кои 10 венчавки ќе остане запаметена оваа година:

1. Принцот Хари и Меган Маркл

Свадбата, која дефинитивно ја одбележа годината зад нас и за која сè уште зборуваме. Американската актерка Меган Маркл и британскиот принц Хари стапија во брак во мај на раскошна церемонија во замокот Виндзор. Покрај членовите на кралската фамилија, на свадбата присуствуваа многу познати личности, како што се семејството Бекам и Клуни и блиската пријателка на невестата, Серена Вилијамс. Меган Маркл носеше венчаница со потпис на Живанши на венчавката, а подоцна се пресоблече во фустан на Стела Макартни.

2. Принцезата Јуџин и Џек Бруксбек

Внуката на кралицата Елизабета, принцезата Јуџин му го кажа судбоносното „Да“ на Џек Бруксбек во октомври оваа година. Принцезата носеше раскошна венчаница со долг вел, придружувана од нејзиниот татко, принцот Ендру, кој ја предаде на нејзиниот иден сопруг. На прославата присуствуваа и познати личности, како и мајката на принцезата, Сара Фергусон, која не е во добри односи со кралското семејство.

3. Пријанка Чопра и Ник Џонас

Гламурозната свадба која го обележан послендиот месец од годината. Актерката од индиско потекло и поранешната Мис на светот, Пријанка Чопра, се омажи со десет години помладиот пејач Ник Џонас. Свадбената церемонија траеше четири дена според индиските обичаи и заврши со голема церемонија во американски стил. За оваа пригода, невестата носеше венчаница од Ралф Лорен специјално дизајнирана за неа, а велот беше долг 22 метри, па и помагаа 5 лица додека одеше кон олтарот.

4. Ричард Гир и Алехандра Силва

Актерот Ричард Гир тајно се ожени со шпанската убавица Алехандра Силва, која работи како експерт за односи со јавноста. На холивудскиот заводник ова му е трет брак, а двајцата имаат деца од претходните бракови.

5. Хју Грант и Ана Ебернштајн

Познатиот холивудски ерген реши за прв пат да застане на лудиот камен на 57 години. Хју Грант и Ана Еберштајн се венчаа на интимна церемонија во Челзи. Невестата беше во целосно опуштено издание, во здолниште и кошула, додека младоженецот беше во костум. Нивната ќерка, чие име никогаш не беше објавено, беше присутна и на свадбата.

6. Кит Ларингтон и Роуз Лесли

Ѕвездата на серијата „Игра на тронови“ стапи во брак со колешката од серијата Роуз Лесли. Парот се запознал во 2012-та година на снимање, а венчавката се одржа на имотот на актерката во Шкотска.

7. Џастин Бибер и Хејли Болдвин

Канадскиот пејач Џастин Бибер и моделот Хејли Болдвин направија тајна венчавка кратко откако се верија. Свадбата ја потврдија кога супермоделот на Инстаграм на своето презиме го додаде она на сопругот.

8. Гвинет Палтроу и Бред Фалчук

Познатата актерка и продуцентка се омажи на интимна церемонија на заедничкиот имот. На прославата присуствуваа многу познати личности, но фотографирањето беше строго забрането. За свадбата се дозна еден ден потоа.

9. Би Шефер и Франческо Карочини

Ќерката на Ана Винтур и синот на Франс Сокани со својата свадба ги споија двете модни семејства. Двојката имаше две свадби, една во Њујорк, каде што секоја фотографија беше забранета, а втората се одржа во Италија, како дел од интимната церемонија, по што не успеаја да избегаат од папараците.

10. Кјара Ферањи и Федез

Оваа италијанска свадба многумина ја споредуваа со кралската. Највлијателната модна блогерка во светот, се омажи за раперот Федез со кого има син. Венчавката беше првенствено гламурозна, а невестата носеше венчаница на Диор направена специјално за неа. Кјара е исто така на списокот на Форбс за највлијателните жени до 30 години, а нејзиниот моден бизнис добива годишен приход од 8 милиони евра. За неа, се вели дека е повлијателна од Вог, кога станува збор за модата.