(ФОТО) Пеце од Суперхикс фамилијарно на зимување во Боровец
Фронтменот на групата „Суперхикс“, Петар Младеновски познат како Пеце и неговата сопруга Елизабета позната како „Rasta girl“, деновиве со своите најмили уживаат во соседна Бугарија.
Семејството Младеновски е во ски-центарт Боровец, каде Маша и Никола учат да возат сноуборд.
- Јас на моите деца сум им само презентер на разноразни стилови и артисти. И немам намера да “притискам“ да слушаат ова или она. Можеби ќе ви звучи чудно, но моите деца не знаат ни половина од опусот на Суперхикс. Ако ги интересира самите ќе побараат и преслушаат. По дома секако се слуша и реге и ска и панк но и Ријана и „Златно славејче“. Маша е повеќе по детските песнички и новите поп хитови а Никола е страшно “заразен“ со „Леб и сол“ и многу ми е драго за тоа- додаде тој.
- Маша е пргава, бељаџика, интелегентна, ѕверка. Никола е мирен, често будно сонува, добро му одат природни науки, не баш математика. Маша е фокусирана на креативен балет, Никола со амбиции да стане пијанист или ракометар и креативец во повеќе области- раскажа Пеце во интервју за Женски Магазин.