(ФОТО) Прошетка низ куќата на еден од најбогатите луѓе - сопственикот на Фејсбук
Марк Закерберг, талентиран програмер и основач на социјалната мрежа "Фејсбук", е еден од најбогатите луѓе на планетата. Судејќи според примерот на други богати луѓе, неговиот дом треба да биде луксузен, нели?
Неодамна, тој објави видео во кое го промовира својот нов изум - паметна куќа наречена Џарвис.
Со раскажувањето за вештачката интелигенција, Марк нè шета околу неговата куќа.
Изненадувачки, нема луксуз во домот на милијардерот. Во сите простории ситуацијата е крајно скромна. Доминира минималистички стил.
Без луксуз, само напотребното!
Закерберг ја покажа надворешноста и внатрешноста на својот дом во Пало Алто.
Во објективот на камерата паѓаат неколку простории во кои Марк живее со семејството си.
Ја купиле куќата за 7 милиони долари пред неколку години а нештата во неа се речиси непроменети од тогаш
Живеејки доста скромно за својата позиција и богатство, Закерберг и неговата сопруга станаа познати со својата филантропија. Тие не ги трошат парите за златни тоалети и сличен луксуз туку за добротворни цели. И тоа заслужува пофалби.
Во 2010 година Марк дури и се придружи на хуманитарната организација, основана од Ворен Бафет и Бил Гејтс.
Заедно со сопругата Присила Чан, Марк планира да даде 99% од акциите на Facebook во вредност од 45 милијарди долари за добротворна организација.
Закерберг е пример за сите богати луѓе. И покрај фактот што тој е сметан за најмладиот милијардер во светот, Марк успеа да ја зачува добрината и правдата во душата и да не потпадне под власта на своите пари, како што често се случува.
Тој човек заслужува почит и восхит!