(ФОТО) Ребека со своето семејно богатство

Добивај вести на Viber

Пејачката и претседател на здружението „Дајте ни крилја“, Ребека Јанковска-Ристески објави предновогодишна фотографија со трите деца.

Ребека ужива во домашен амбиент со Маркијан, кој минатиот месец наполни 12 години и петгодишните близнаци Макариј и Доротеј. 

„Маркијан, љубов моја, да знаев дека ти ќе бидеш причината за да научам како и невозможното е возможно и дека целите кои ги поставувам се градење на поубаво утре за многу деца, ќе си измислев дете како што си ти. Моето сѐ си ти, но и сите ближни, сите луѓе околу тебе и сѐ што Бог ни дал за да се радуваме и да го менуваме овој свет кон подобро. Ти благодарам за љубовта и за твоето: „Мамичке, многу те сакам.“

Со овие зборови, Ребека му честиташе роденденот на синот. За близнаците, таа и нејзиниот сопруг Милан, велат дека го обожаваат постариот брат, а тој најмногу сака кога ги зима од градинка и се однесува заштитнички кон нив.