(ФОТО) Росана Сариќ го покажа внукот

Добивај вести на Viber

Росана Сариќ-Тодоровска за прв пат објави фотографија од својот внук Ноа, кој е син на нејзината ќерка Ивана и на зетот, англичанецот Џејмс.

Пејачката често изјавува дека внукот ѝ е највредното нешто, и е голема утеха по смртта на брат ѝ кој почина оваа година. 

„ Внук ми Ноа е злато мало, и на 9 декември наполни 5 месеци. По потреба одам да го чувам, но тоа не е многу често со оглед на тоа дека работам. Младите сериозно си ја сфатија работата на родителството и двајцата заедно се навистина предобри и совесни родители“, ни изјави Росана.

 „ Се чувствувам прекрасно. Измешани чувства. Бог ми ја одзеде душата моја, брат ми, но ми донесе нова душичка. Си плачам“, откри по раѓањето на внукот  за „Женски Магазин“ познатата пејачка. Росана во јануари годинава ни изјави дека имаат фантастичен однос со зетот.

- Јас си го викам синот Џејмс и имаме огромно заемно почитување. Тој мене ме вика мама, а сопругот тато - ни откри таа. (М.Џ.)