(ФОТО) Се причествуваа од иста лажичка: Цеца и други познати личности за Божиќ во преполниот храм во Србија

фотографии: Antonio Ahel/ATAImages

Голем број православни верници во Србија ги преплавија црквите и храмовите каде од иста лажичка се причествуваа и покрај загрижувачката епидемиолошка состојба со коронавирусот во земјата.

Во храмот „Света Сава“ во Белград, точно на полноќ, фотографите ја регистрираа и популарната српска пејачка Светлана Ражњатовиќ-Цеца како се причествува со иста лажичка меѓу огромниот број верници.

Покрај неа таму беа и пејачката Виќи Милковиќ со сопругот, Бобан Рајовиќ, Сергеј Четковиќ со сопругата, композиторот Дамир Хандановиќ, и други.

ГАЛЕРИЈА:

фотографии: Antonio Ahel/ATAImages