(ФОТО) Сѐ зависи од тебе: Алачки со емотивна посвета за синот
Познатата пејачка и автор на проектот „Вкусот на традицијата“, Адријана Алачки, со емотивен статус му го честиташе роденденот на синот Благоја.
- Синко, кога беше мал едноставно беше да ги искажам желбите за тебе и да ги остварам. Но, на возраста на која си сега, желбите од мајката се непроменливи, но сѐ е во твоите раце за нивната реализација. Одговорно и храбро пред себе, само ти можеш да ги исполниш и да стоиш цврсто пред твоите планови и одлуки. Сѐ зависи од тебе. Биди ми жив и здрав - напиша Алачки.
Нејзиниот син наполни 23 години. Лани дипломираше на Правниот факултет. Адријана во претходно интервју за „Женски магазин“ нагласи дека токму Благоја ќе ја наследи во кујната.
- Секојдневно ме збунува со преубавите вкусови што тој ги создава. Во него гледам наследник - ни изјави таа.
Од бракот со музичарот Горан Алачки ја има и ќерката Грациела.