(ФОТО) Северина провоцира од Малдиви, фановите загрижени

Добивај вести на Viber

Северина објави сексапилна фотографија од плажа. Пејачката со сопругот Игор Којиќ и со синот Александар ужива на празничен одмор на Малдивите. Фановите на хрватската ѕвезда коментираат дека ја довела линијата до перфекција, но некои од нив ѝ забележуваат дека премногу ослабнала.

Северина со синот, кој сега има шест години, и претходно беше на истото место, веднаш откако ја раскина свршувачката со неговиот татко, српскиот бизнисмен Милан Поповиќ. Александар тогаш имаше две години. 

Во февруари ќе излезе новиот албум на Северина со наслов "Хало".