Пејачката Аделина Тахири за прв пат објави фотографија од својот син Јон, на која му се гледа лицето. Интересно е што малиот Јон кој има неполни четири месеци има и свој Инстаграм профил кој е заштитен.
Јон е првото дете на Аделина и на нејзиниот сопруг Серјожа Марков, кој е познат адвокат од Скопје. Пејачката често објавува фотографии од Јон, но ова е прва слика на која му се гледа лицето. На фотографијата се гледа дека Јон личи на својата мајка.