Животна училница // Приказни
(ФОТО) Со Карлеуша е најдобра пријателка: Како изгледата сестрата на Душко Тошиќ?
Популарната пејачка Јелена Карлеуша отпатува со ќерките Атина и Ника во Кина, кај сопругот Душко Тошиќ, а на снимката која поп-ѕвездата ја објави големо внимание привлече жената која му прави друштво на брачниот пар.
Во видеото во еден момент јасно се гледа како Тошиќ разговара со друга жена, а станува збор за неговата сестра Катарина Проданов.
Катарина е исклучително блиска со братот и се многу поврзани, но и со снаата Јелена, па често заедно го поминуваат времето и одат на семејни патувања.
Атина и Ника се неразделни со ќерката на Катарина и на социјалните мрежи често споделуваат видеа со нивната братучедка.
Катарина минатата година ѝ беше поддршка на
Јелена во финалната емисија на „Ѕвездите на Гранд“ и тогаш се фотографираше со
неа.