(ФОТО) Сопругата и ќерката на Заев уживаат во Германија
- 23 Декември, 2018
Сопругата и ќерката на премиерот Зоран Заев, Зорица и Александра се на празнично патување во Германија.
На својот Инстаграм профил, Александра објави фотографија со мајката, како уживаат во прошетките низ Франкфурт во божиќна атмосфера.
Александра е постарата ќерка на Зоран и на Зорица Заеви, кои се родители и на синот Душко. Премиерот и неговата сопруга на 30 септмеври годинава прославија 23 години брак.
Се познаваат уште од деца, а врската ја започнале во средно училиште.
„Нашата љубов прерасна во врска во средно училиште, а се знаеме од многу порано. Се венчавме во 1995 година“, изјави неодамна Зорица Заева.
Заеви живееле во исто маало, и се дружеле уште од времто на училишните екскурзии. Кога се венчале работеле во семејната фирма на Заев.