(ФОТО) Сопругата на Момо Николовски од болница: Ајде мило мое, моите песни чекаат на тебе

Валбурга Батева, сопругата на Момо Николовски, со емотивно обраќање на социјалните мрежи, по пораката за помош за докажаниот фолк-уметник кој е сериозно болен, објави фотографија од болница и јавно им се заблагодари на сите хумани луѓе кои донираат средства за лекување на дијагностицираниот абдоминален канцер на нејзиниот сопруг.

- Ајде мило мое…моите песни чекаат на тебе! На тебе чекаат и сите оние на кои им требаме и помагаме со години. Твојот свилен глас пак ќе се разлее низ етерот, онака како што ти само знаеш. Со љубов ќе ги растераме темните облаци кои се надвиснаа над нашиот живот. Ви благодарам на сите вас кои постојано се јавувате, прашувате и давате придонес за опстанокот на еден мил, чесен и доблесен човелк – мојот човек- стои под фотографијата на Валбурга.

Веста за болеста на Николовски прв ја објави музичарот Сашо Ливрински.

- Почитувани колеги музичари и пријатели на македонската музика,ви се обраќам како долгогодишен соработник на мојот почитуван колега и кум Момо Николовски, на кого во моментов му е потребна нашата несебична помош и поддршка. Потребни се финансиски средства за негово итно лекување, затоа ве замолувам секој според можностите да помогне донирајќи на следната ж-сметка: 300007032927321-Комерцијална банка АД Скопје. За повеќе информации слободно контактирајте ме на телефонот 070 279 769 - напиша Ливрински.