Животна училница // Приказни
(ФОТО) СУПЕРБАБА ВО БОЛИВИЈА: МАМА ХУЛИЈА НАПОЛНИ 118 ГОДИНИ
- 27 Октомври, 2018
Позната како „Мама Хулија“, најстарата жена во Боливија, Хулија Флорес, со песна го прослави 118-от роденден.
Облечена во традиционална облека со бело сомбреро, Флорес за која се претпоставува дека е и најстарата жена во светот, на забавата во нејзина чест свирела чаранго пред да ја исече роденденската торта.
Кога нејзината возраст ќе биде и службено признаена, таа ќе биде најстарата личност во светот и трета на сите времиња. Најстарата официјално признанена личност e Џин Калмет од Франција која починала пред две децении на 122 години.