(ФОТО) Танц со ветерот: Јована Стојменовиќ како модел на плажа

Добивај вести на Viber

Водителката Јована Стојменовиќ важи за една од најубавите и најнегувани дами меѓу јавбните личности. Јована во моментов е на одмор на Халкидики, и сподели фотографија од плажа близу Никити, на Ситонија.

За изгледот, таа доби многу комплименти од своите следбеници и пријатели. „Танцувајќи со ветерот“, напиша таа на друга фотографија на која е во тренди бела кошула.

„Не ја одржувам линијата, но ќе почнам повторно со поголем ангажман во тој дел. Веќе со години не вежбам, иако сум човек што многу рано сфати кои се придобивките од активниот живот. Интензивно тренирав аеробик и фитнес од својата шеснаесета година, а последниве години не правам ништо освен поинтензивно пливање на летниот одмор. Но, наскоро планирам да си направам програм и да се фрлам на работа“, вели Јована за одржувањето на формата.