(ФОТО) Татјана Лазаревска со предновогодишна фотосесија во бикини

Добивај вести на Viber

Фолк-пејачката Татјана Лазаревска новогодишните и божиќните празници ги поминува на плажа. Таа со сопругот Новица и со синовите Петар и Стефан пред неполни четири години се пресели во Австралија.

Татјана на својот Инстаграм профил објави провокативни фотографии од Мелбурн, како ужива на плажа возејќи се со скутер. Татјана за Женски магазин сподели интересна новогодишна анегдота која ѝ се случила во 2016 година.

„Предминатата Нова година пеевме тука во Австралија, во Геелонг, град близу Мелбурн, заедно со Новица. И по дваесет и два настапи за Нова година, и исто толку години на сцената, за прв пат ми се случи да заборавам да си земам чевли. На долгата свчена тоалета ги носев патиките со кои што дојдов. Никој не забележа, а јас уживав во удобноста и се смеев цела ноќ“, изјави пејачката.