Животна училница // Приказни
(ФОТО) Тетоважа со стихови од Калиопи: Необичен гест на обожавател
- 08 Јануари, 2019
Младен Голубовски од Скопје, кој е голем фан на Калиопи, истетовира цел стих од еден од најголемите хитови на поп-ѕвездата, „Обои ме“.
Младен на својот Инстаграм профил објави фотографија од местото каде што му се истетовирани стиховите од почетокот на песната каде што меѓу другото Калопи пее: „Ако веруваш во бога, тогаш верувај во себе, не ме давај на ѓаволите“. Под фотографијата, реагираше и Калиопи која му испрати љубов на својот обожавател.
Младен е голем обожавател на Калиопи
„Обои ме“ е песна која беше дел од третиот албум на Калиопи, а прв соло албум во кариерата од 1998 година. Албумот беше снимен во Базел, Швајцарија и предизвика вистинска еуфорија во Македонија. Автори на песната се Калиопи и Ромео Грил.