(ФОТО) ТИЈАНА И ПАНЧО - ТИТОВИ ПИОНЕРИ

Добивај вести на Viber

Со црвена марама и пионерска капа - титовка, со подготвени и до бескрај повторени стихови, секое прваче во Југославија ја кажуваше Титовата заклетва. На тоа време се потсетија и популарните музичари Тијана Дапчевиќ и Панчо од „ДНК“.

Носталгични сме по тие времиња, евоцираме спомени чепкајќи по семејните албуми, а не ретко такви фотографии споделуваме и на социјалните мрежи. Тоа го прават и други познати Македонци, а ние денеска ги собравме на купче и ви ги презентиравме.