(ФОТО) Тијана во прегратка со внуците прослави роденден
На најубав можен начин, Тијана Дапчевиќ го прослави својот 43. роденден. Пејачката и актерка дојде од Белград во Скопје и денешниот ден им го посвети на внуците, Дарен и Хана. Нејзината сестра Тамара, ѝ посака среќен роденден објавувајќи фотографии од тетката со внуците.
Внукот на Тијана, Дарен наскоро ќе наполни два месеци
Тијана симболично го избра токму роденденот за да ги изненади своите фанови со нова песна. „Презир“, која има интересен видео спот денеска беше промовирана на нејзиниот јутјуб канал. Музиката ја напиша Александар Делиќ- Динге, а аранжманот е на Махир Сарихоџиќ, кој е долги години соработник на Дино Мерлин.
Тијана со Хана, ќерката на Тамара и на Александар која во април ќе наполни три години
„ Место торта, ви ја подарувам новата песна, Уживајте и пишете ми, сѐ следам“, изјави Тијана.