(ФОТО) Турунџиева со ќерките и со зетот ужива на планина
Водителката, пејачка и писателка Сузана Турунџиева празниците ги поминува на планина со своите најблиски. Таа на својот Инстаграм профил објави фотографија со двете ќерки, Матеа и Лора и со зетот Филип од Крушево.
„Моите ќерки се причина да останам жива“, изјави Турунџиева, која пред две ипол години го загуби сопругот Маријан, таткото на Матеа.
Познатата водителка наскоро ја очекува голема радост, таа ќе стане баба. Лора и сопругот Филип го очекуваат првото дете. Постарата ќерка на Сузана, набрзо откако матурираше, се омажи, а мајка ѝ со емотивен статус ѝ ја честиташе венчавката.
„ Животот никогаш не ми даде трошка време да се припремам ни за тагата, ни за радоста. Нека биде радост! Доста беше тага. Лора и Филип, бидете големи и несебични во љубовта, добри и благородни во срцата и бидете ми светло во тунелот кое никогаш нема да згасне“, се желбите кои Турунџиева.