(ФОТО) Уживаа во македонските убавини: Како македонските јавни личности го поминаа Денот на независноста?
Вчера на државниот празник по повод Денот на независноста на нашата земја, македонските јавни личности уживаа во нашите природни убавини.
Имено скоро сите од нив во семејна атмосфера го поминаа денот, во некое од преубавите места кои ја красат нашата држава.
Влатко Лозаноски со машко друштво на Шар Планина.
Сузана Турунџиева по одморот во Албанија, со мајка си и ќерка си во Вруток.
Тамара Тодевска со децата на ранч, каде јаваа коњи и имаа македонска трпеза.
Диџеј Фани уживаше на јахта во Охрид.
Исто и нејзината колешка Наташа Малинкова.
Сузана Гавазова направи специјална фотосесија за Македонија.
Дани Димитровска шеташе низ родното село на Гане Тодоровски, Кожле.
Манекенката Мартина Михајловска ужива во Охрид.
Миа Костова денот го помина во опуштена атмосфера во родното Скопје.