(ФОТО) Вечерва светев: Маја Саздановска во невидено издание

Пејачката Маја Саздановска е една од оние наши познати личности која е горда на своите облини. Во сексапилно издание, Маја објави фотографија на својот Инстаграм профил од Требиње, град во Република српска, дел од Босна и Хервеговина каде што сношти имаше ангажман.

Маја неколку години е дел од придужните вокали на Калиопи, а поп-дивата сношти одржа успешен концерт токму во Требиње.

„Вечерва светев“,напиша Маја под друга фотографија на која е со уникатна шминка. Очите, таа ги нагласи со циркони на трепките. Маја освен што патува низ регионот како придружен вокал на Калиопи работи во маркетинг службата на Националната опера и балет. Нејзин голем талент е шминкањето. Таа самата се шминка за сите свои настапи, а често се грижи за изгледот на своите блиски пријателки и родини.

Маја е мајка на петгодишната Срна. Нејзиниот сопруг Саша, почина само девет месеци по раѓањето на нивната ќерка.