(ФОТО) Весна Бејби го покажа дечкото

Добивај вести на Viber

Актерката Весна Бејби Петрушевска за прв пат објави фотографија од дечкото Зоран. Претходно, Весна изјави дека е во врска околу два месеци.

Бејби во порака само кусо ни потврди дека тоа е нејзиниот нов партнер, и оти се среќни заедно, но не раскажа повеќе детали. Во претходно интервју за Женски магазин, Весна раскажа дека не верува во љубовта како порано, но сепак, оекува да и се случи.

„ Престанав да сонувам на таа тема и се навикнав да бидам сама со себе. Велат дека храбрите можат сами, не е во ред да останеш сам. Јас знам дека заслужувам најдобро, но не по секоја цена и секако без компромиси. Затоа и ја напишав „Трофеј“, да осветлам нечиј пат и да соопштам дека секому може сѐ да се му се случи во животот“, раскажа актерката. (М.Џ.)