Животна училница // Приказни
(ФОТО) Во топ форма на 80 години: Тереза Кесовија се пофали со веслачките вештини
Хрватската пејачка Тереза Кесовија со своите 80 години покажа дека е во одлична форма. Таа на Инстаграм објави фотографија и видео на кои се пофали со своите веслачки вештини.
„Летни радости“, напиша Кесовија под фотографијата.
Обожавателите не престанаа да пишуваат комплименти под фотографијата. „Каква на сцената, таква и во морето“, се дел од нив.
Пејачката минатата година прослави 60 години богата кариера и 80. роденден со концерти во Загреб и во Љубљана. На роденденските концерти дојде и нејзиниот поранешен сопруг, пејачот Миро Унгар (82).
Тереза остана да важи како еден од најдобрите вокали во поранешна Југославија со успешна интернационална кариера, и многумина и денес ѝ се восхитуваат на добрата кондиција.
Фото: Жарко Басиќ