(ФОТО) Забава на море со специјална декорација: Елена прослави роденден на ќерката
Поп-пејачката и хористка во Националната опера и балет, Елена Петреска, вели дека ќерката Софиа, најверојатно ќе биде нејзиниот музички наследник. Софиа вчера наполни три години, а Елена е пресреќна што овој нејзин роденден го славеле на поинаков начин, на плажа.
„Славевме во Грција, на плажа. Поминавме прекрасен роденден, децата беа пресреќни. Прво ја разбудивме Софиа со роденденска песна, а попладне, со торта, на плажа го прославиме роденденот“, ни раскажа Елена која додава дека за роденденот на ќерката, таа и сопругот Андреј направиле специјална декорација.
„Јас уживам покрај вода, и ова ми беше еден од најубавите родендени досега, иако морав неколкупати да ги бркам балоните по плажа заради ветрот“, вели пејачката.
Елена и Андреј се седум години во брак. Се венчаа во јули во 2012 година. Пејачката од Прилеп, која важи за еден од нашите најквалитетни вокали, тогаш изјави дека ги натпеала сватовите на свадбата. Во јануари, во 2015 година, на еден ден пред Бадник, Елена го роди синот Михаел. За своите деца, пејачката вели дека ги препознава своите особини и оние на сопругот.
„Двајцата се многу темпераментни, Михаел буквално не застанува, бунтовен е и своеглав . Софиа пак е посмирена, полабава, ама многу самостојна, сака многу да пее и да си игра со бебиња. А Михаел го интересираат комјутери и астрономија, тука го препознавам Андреј“, ни раскажа Петреска.
(М.Џ.)