(ФОТО) Зек Ефрон објави фотка од сауна и „собра“ повеќе од 3 милиони лајкови

Иако лошото време надвор со денови не прогонува и не тера да останеме под прекривките, обврските не го дозволуваат тоа секогаш. Па, за да ти го олесниме текот на денот ти подготвивме вистинско уживање - Зек Ефрон. Актерот крена голема прашина со последната во низата објави на Инстаграм. 

Имено, тој на фотографијата позира во сауна облечен само во бели кратки панталончиња. Оваа објава „собра“ повеќе од 3 милиони лајкови и над 22 илјади коментари. Уште кога се појави во „High School Musical“ на него „паднаа“ многу девојки, но како старее, така има сѐ повеќе обожавателки, а со оваа фотографија со гаранција доби уште неколку.