(ФОТО) Ѕирнете во викендицата на Меган и Хари вредна 3 милиони евра
Уште едно луксузно здание е додадено на листата со недвижнини во сопственост на принцот Хари и Меган Маркл, пишуваат британските медиуми. Новото омилено место на кралската двојка наводно чини скоро 3 милиони евра, а станува збор за адаптиран замок од 18. век оддалечен само 100 километри од Лондон.
Пријателите на Меган и Хари велат дека ова е нивната скриена „селска оаза“ каде што можат да побегнат од градскиот метеж и да уживаат во идиличниот крај и свежиот воздух.
Куќата има четири спални соби, кујна, приземје, но и луксузно наместен втор кат, пространа дневна соба која наводно е целата во стакло за совршен поглед кон имотот со кој е опкружена. Интересен момент е што една од спалните соби е претворена во гардеробер, информира добро упатен извор за „Дејли меил“.