Фризерка тврди дека 13 часа ја правела оваа фризура чија цена е посебна приказна: Сите се прашуваат кој нормален дал толку пари

Околу оваа објава се создаде вистинско лудило...

Новата фризура може да биде прилично скапа, а трошоците околу третманите често се поголеми отколку што очекуваме. Една фризерка со седиште во Калифорнија ги шокираше корисниците на социјалните мрежи кога откри дека своите фризури ги наплаќа по 150 долари на час.

Како што пишува „Мирор“, корисничката @byprado_ стана вирална на ТикТок кога покажа како изгледа една трансформација на коса во нејзиниот салон и откри колку чини таа фризура. За оваа фризура ѝ биле потребни 13 часа, што значи дека клиентката на крајот потрошила 1950 долари.

@byprado_

#byprado #hairbyprado #extensionsbyprado

No Roots - Alice Merton

„Не мислев дека моите објави за тоа колку наплаќам за фризурите ќе ги налути толку луѓето, но ова ќе ве налути уште повеќе. Наплаќам по 150 долари на час, а трансформацијата траеше 13 часа поделени во два дена“ - раскажа таа во своето видео. Нејзиното видео за кратко време собра повеќе од 1,4 милиони прегледи, а многу корисници останаа шокирани од износот кој жената го платила за да ја промени бојата на косата од кафена во светло руса и да ја скрати во должина.

„Цената за час е прифатлива, но не е прифатливо тоа колку ѝ требало за да ја заврши фризурата“, „Не мие  грижи што зборуваат другите, но 2.000 долари за фризура е навистина неисплатливо, особено доколку истиот резултат може да се постигне за многу помалку пари“ - се дел од коментарите кои се најдоа под видеото.