Фута неутешен над вечното почивалиште на Марина Туцаковиќ и синовите: Денес се навршуваат две години откако неговата сопруга замина во вечноста

На денот на втората годишнина од смртта на Марина Туцаковиќ, Александар Радуловиќ Фута отиде да го посети вечното почивалите на сопругата и синовите. Ова е најголема трагедија која може да ја доживее еден човек.

Фута бил затекнат на со семејството и пријателите на семјената гробница каде постојано го тешеле.

Тој немо гледал во земјата, а на комеморацијата присуствувале и долгогодишната пријателка и кума на Марина, Мирјана Петровиќ, како и десет најблиски пријатели и членови на семејството.

На самиот гроб имало букети од рози и бели лилјани.

По завршувањето на комеморацијата, Фута и насобраните роднини седнале во близина на гробот за да служат за упокојување на душата на починатите.

Инаку Марина беше една од најпознатите кантавторки на балканот и има напишано илјадници хитови за сите познати и помалку познати естрадни ѕвезди. Марина почина по долго и тешко боледување, а беше погребана на Новите гробишта во Белград, веднаш до синот Милош Миша Радуловиќ, кој ја напушти прерано, на 24-годишна возраст. Додека пак 15 месеци подоцна, покрај неговата мајка и брат, беше погребан Милан Радуловиќ Лаќа, кој почина во Израел на 36-годишна возраст.

Несреќите никогаш не ги напуштија Марина и Фута. Покојната Марина не ги криеше емоционалните колапси. Најпрво си замина во вечноста постариот син Милош. Направиле се за да го извлечат од канџите на наркотиците, верувале дека можат, но потоа се случило најлошото. Тој декември Марина влегла во собата и го видела она од што секогаш се плашела.

-Прстите веќе му беа сини, не знам што се случи. Не знам дека има нешто полошо од тоа кога ќе го најдете вашето дете како лежи неподвижно на креветот, изјави тогаш Марија додавајќи дека не сакала да ги погледне резултатите од обдукцијата.

 Од тага заболе од рак и отворено зборуваше за тоа. Ракот ја однесе од овој свет, а Лаќа, уметничката душа, помалиот син на Мрина не можела да ја прифати смртта на својата мајка, па ѝ се придружи 15 месеци подоцна. И пак во декември.

Фото:youtube/screenshot