(ГАЛЕРИЈА) АПОКАЛИПСА ВО ГРЦИЈА: Видов 15 годишно девојче како целата гори

Добивај вести на Viber

Неофицијално околу 100 лица се водат за исчезнати, а според јавувањата на турската новинска агенција „Анадолија“, бројот на жртвите се искачи на 76 лица. 

Се уште се бараат причините за избувнувањето на пожарите во понеделникот вечерта на неколку локации во околината на Атина, а голем број држави веќе испратија помош во справувањето со огнената стихија која буквално „голта“ се пред себе. 

Во медиумите насекаде се објавуваат морничави сведоштва на преживеаните, кои само по долна облека бегале за да се спасат. Мајки со деца во раце трчале кон плажа, со надеж дека таму ќе пронајдат засолниште од пламените. Некои успеале да преживеат, а некои не. Една мештанка никогаш нема да ја заборави сликата на девојче кое горело пред нејзини очи. „Слушнав како некој вика помош, се свртев и видов девојче од 15 години како целата гори. Трчаше кон морето и скокна од висина од 15 метри за да се спаси. За жал не успеа. Само го видов чадот кој го прекри небото зад неа“, опишала таа.


„Пламенот веќе ни ги зафати рамениците пред да скокнеме во море. Си реков самиот на себе мораме да избегаме ако мислиме да останеме живи“, рекол Костас Лаганос.

Една мајка кога видела дека огнот се приближува до нејзиниот дом, ги зграбила двете деца и почнала да трча кон локалната плажа.

„Додека ги носела во раце, одела преку оган и пепел, додека нозете и гореле. Успеале да стигнат до водата и да го изгаси огнот од нозете, цело време држејќи ги децата цврсто во раце како не би паднале во море“, раскажала една од преживеаните.

Мештаните и туристите бегале од пожарот, некои ги проголтале пламените јазици, некои скокале во море, некои се загушиле од чад.

Во Грција се случи национална трагедија, а грчкиот премиер Алексис Ципрас повика на сплотеност и солидарност.