(ГАЛЕРИЈА) Хорор во Грција: Околу мене гледав тела, паничното стампедо никој не можеше да го спречи
Најмалку 50 луѓе се мртви, а 150 се повредени од пожарите во Грција кои започнаа во понеделникот вечерта, а најтешка е ситуацијата во туристичкото место Мати, 29 км источно од Атина, кое се најде во огнениот обрач и целото население, и туристи, и покрај апелите на локалните пожарникари не успеале да избегаат на сигурно.
„Моето место повеќе го нема! Мати повеќе не постои како населба, сега има само изгорена земја. Видов мртви тела, изгорени автомобили. Среќна сум што сум жива“, изјавила една жена за грчката телевизија Скај
Испаниченото население барало начин да излезе од опожарениот Мати, па сведок кој се нашол на единствениот пат кој водел до локалната плажа, изјавил: „Околу мене гледав тела, паничното стампедо никој не можеше да го спречи“. Оние кои успеале да стигнат до локалната плажа не чекале бродови за евакуација, туку со пливање се спасувале од огнената стихија.