(ГАЛЕРИЈА) Ладно време и лизгав терен, топло околу срцето со љубовните песни во Филхармонија

Денот на вљубените и на виното може да се слави и во услови на пандемија. И со маски, на дистанца, на снежно време надвор.

На публиката во Филхармонија ѝ беше важно само да слушне добра музика, убав избор на љубовни песни, а тоа го доби на концерот „24 илјади бакнежи“.


Временските услови и лизгавиот терен не дозволија женскиот дел од публиката да се дотера како што обично бива на вакви настани, шминката е под маска покриена, но важни беа аплаузите кои докажаа дека оркестарот, солистите, хорот, балерината и диригентката Дијана Имери- Илкоска завршија одлична работа. 

Привилегија беше да се слушне Благој Нацоски, македонскиот тенор со интернационална кариера кој дојде специјално за овој концерт од Италија, но и топлиот глас на шарматната вокалистка Светланата Јовановска. 

Шареноликоста на репертоарот беше богатсвото на овој концерт, од „Еден бакнеж“ на Нина Спирова, Historia de un Amor, Beautiful Maria of my soul во оригиналнатаверзија на шпански, Malaguena Salerosa, E penso a te..., и „24.000 baci“ напишана во напишана во 1961 година од Леони, Виварели, Фулчи и Челентано, песната по која беше насловен овој романтичен концерт.


М.Џаровска

Фото: В.Тануровски

Погледнете ја галеријата: