(ГАЛЕРИЈА) Последните зборови на Оливер во Скопје

Добивај вести на Viber

Денес се навршуваат две години од смртта на легендарниот Оливер Драгојевиќ. Сплитскиот кантавтор почина од карцином, а на негова желба, величенствено е испратен во неговото вечно почивалиште, во родната Вела Лука. 

Оливер во Скопје доаѓаше со драго срце. Последен пат, македонската публика уживаше во неговата музика на 4 март во 2017 година, на заедничкиот концерт со Џибони, во Арената "Борис Трајковски". 

"Ајде, пејте со мене, кој знае дали повторно ќе се видиме. Јас сум човек во години", и рече Оливер на публиката во Скопје. 

Освен по многуте хитови, тој беше познат по специфичниот хумор. Многу познати личности денес споделуваат спомени со Оливер. Погледнете ја галеријата од последниот концерт на Драгојевиќ во Скопје. 
(М.Џ) 
Фото:В.Тануровски