(ГАЛЕРИЈА) Турбо-фолк Дедо мраз во Охрид
Охрид е преполн со туристи за Нова година.
Сместувачките капацитети се речиси преполни, особено помалите хотели и апартманите во центарот на градот.
Најбројните се гостите од Србија и од Бугарија, кои го искористија убавото време изминатиов викенд и ги наполнија кафулињата и рестораните. Повеќето ресторани и хотели нудат дочеци на Нова година по цена од околу 2.000 денари.
Во чаршијата ечи турбо-фолк музика. На српските турбо-фолк хитови танцува „Дедо мраз“, и на тој начин ги повикува децата да се сликаат со него пред едно фото студио.
На охридскиот плоштад нема да има организиран дочек на Нова година, откако ненадејно почина охридскиот градоначалник Јован Стојаноски. Единствено, дека бизнисот слабо им оди се жалат охридските езерски превозници.
Организирана прошетка од половина час по езерото со брод за група од шест луѓе чини 20 евра вкупно. За Нова година, возат и големите бродови до Свети Наум.
Цената е иста како и во текот на летната сезона, 10 евра по лице. (М.Џ.)