ГАРО ВО ШОК ПО ЗАГУБАТА НА ПРИЈАТЕЛОТ: ОЛИВЕР БЕШЕ НАШ ГУРУ

Добивај вести на Viber

Семејството Тавитјан е во шок по загубата на нивниот пријател, големиот хрватски музичар Оливер Драгојевиќ. Оливер беше гостин на албумот на Гаро Тавитјан и на браќата Тавитјан „Македонското срце чука во 7/8“ со преработка на народната песна „Битола мој роден крај“.

„Се јавувавме често кај неговите во Сплит, да прашаме како е Оливер. Секогаш ни велеа дека е добар, дека е подобар. Тој беше борец, не се даваше“, изјави за Женски магазин музичарот Гаро Тавитјан јуниор.

„ Оливер беше многу срдецен човек , премногу скромен и голем пријател. Имавме единствена шанса да соработуваме со него и на нашиот проект со обработки и бевме поканети на неговите концерти да бидеме дел од гостите. Изминатата година често се јавуваме да го прашаме како е бидејќи тој остави огромна позитивна енергија и ни беше еден пример за тоа како е да си голема ѕвезда а толку срдечен и секогаш достапен. Тој многу почитуваше џез и класична музика, а и знаевме дека му беше голема желба да биде инструменталист во таа музика, и во таа насока му се допаѓасе тоа што го работиме ние ,и така и на заедничко задоволство оставивме трага во музиката. Голема легенда со голем опус на хитови но и со уште поголемо срце и добрина. Четири децении беше пријател на нашето семејство. Секој кој го познаваше Оливер, ќе се согласи дека тој  беше еден џентлмен, гуру и многу едноставен и фер човек со кој да комуницираш и да се дружиш беше не само чест туку и непроценливо искуство. Патувај Оливер, пријателе на небото и испеј им ги ги најубавите песни на ангелите“, ни изјави Гаро Тавитјан јуниор. 

М.Џаровска