Ги чекавме 26 години: Дуња и Даела го обединија Скопје

Речиси 50.000 посетители се регистрирани во Зоолошката градина откако во Скопје пристигнаа слониците Дуња и Даела. Посетителите кои сакаат да ги видат, треба претходно да се информираат во кој период од денот можат тоа да го сторат, информираат оттаму.

- Се надевам дека Дуња и Даела ќе дочекаат мирни пензионерски денови овде. Дуња е азиска слоница, најстара од својот вид во Европа. Има 48 години. Даела е од Африка, таа е помлада, има околу 30. Тие две се неразделни пријателки - изјави Тина Мицковска, лице за односи со јавноста од скопската Зоолшка.

Слониците се донесени од Белгија, а претходно, како што раскажа Мицковска, имале тежок живот во цуркус во Германија и од таму се спасени. Во Скопје, слонови последен пат имаше во 1992 година.