Ги победија сите бариери: Силвестер Сталоне слави 23 години брак со сопругата Џенифер Флавин
73-годишниот актер запаметен по улогите на Рамбо и Роки, слави 23 години годишнина од брак со сопругата Џенифер.
Двојката првично се запознала во 1988 година и започнале врска која завршила во 1994 година, кога актерот имал врска со манекенката Џенис Дикинсон.
Тој се помири со Џенифер во 1995 година и ја добија ќерката Софија во 1996 година, па се венчаа на граѓанска церемонија во хотелот „Дорчестер“ во Лондон на 17.05.1997 година.
Заедно, актерот и поранешната манекенка имаат уште две ќерки Систин, 1998 година и Скарлет, 2002 година.
Софија, Систин и Скарлет
Џенифер Флавин сподели селфи со сопругот Силвестер Сталоне, по повод одбележувањето на нивната 23-годишнина од свадбата.
Ќерката Систин сподели фотографија од нивната граѓанска венчавка
„23 години брак, нивната втора свадба lol" - напиша таа.
„Ми требаа 19 години да сфатам дека таа е секогаш во право“, изјави актерот во една прилика.
Пред неговата врска со Џенифер, актерот Рамбо беше во брак со Саша Чакк 11 години.
Имаа два сина, Сејџ и Сеаргох. Трагично, Сејџ почина од срцеви заболувања во 2012 година на 26-годишна возраст.
После пропаѓањето на бракот со Саша, Сталоне беше во брак и со манекенката Брижит Нилсен бурни две години.
извор: dailymail