Ги спасила од сигурна смрт трите деца што ги чувала: Еве која цена ја платила
Бебиситерка од Италија, која била убиена во Швајцарија од психички нарушен млад човек, претходно ги спасила сите три деца од него, кои ги чувала, објави Канал 5.
Како што пренесуваат од италијанската агенција Анса, 46-годишната Тереза Скавели, мајка на три возрасни деца, работела во Сент Гален, а убиството се случило пред неколку дена.
Убиството се случило на 2 септември во Сент Гален, кога психички нарушен млад човек упаднал во куќата на семејството чии деца Тереза ги чувала, откако претходно ги следел девојчињата од училиште.
„Од прозорецот видела дека некој манијак ги следи девојчињата додека се враќале од училиште, и веднаш излегла да ги пречека, за манијакот да знае дека децата не се сами. Сепак, тој го искористи моментот кога таа се сврте со грб за да ги пушти во куќата и истрча внатре со нив“, велат пријателите на убиената Тереза.
Во судирот што следувал, бебиситерката се обидела на секој начин физички да го спречи напаѓачот и да го избрка од куќата, но без успех. На крајот, тој успеал да ја зграпчи тавата и да ја удри неколку пати по главата, по што таа починала.
По пристигнувањето во куќата, полицијата го ликвидирала напаѓачот, но за Тереза немало спас.
„Таа не спаси едно, спаси три деца. Таа секогаш ги штитеше невините. Тоа ќе го стореше дури и да не ги познаваше овие деца и не ги сакаше како свои“, рече мајката на убиената Тереза, стоејќи покрај ковчегот на нејзината ќерка во неделата.
Таа објасни дека на кобниот ден Тереза требало да се грижи за двете сестри за кои се грижела веќе некое време и дека малку порано го зела нивниот четиригодишен син од соседот, за да си игра со девојчињата кога ќе пристигнат од училиште. Во моментот на нападот, малото дете било горе со пријателката на Тереза, која повикала полиција кога слушнала метеж на приземјето.
Додека пристигнала полицијата, напаѓачот, кој подоцна бил идентификуван како Стив В. (22), успеал да и зададе на Тереза неколку силни удари по главата, кои, како што се покажа, биле фатални. Иако Тереза била жива кога пристигнала полицијата, кратко време по ликвидацијата на напаѓачот, таа починала на пат кон болницата.
Тереза зад себе ги остави сопругот и трите постари деца. Минатата година таа донела одлука да се пресели во Швајцарија каде што работела како дадилка и домаќинка во богато семејство.