Ја виде кралицата Камила и се фотографира со актерот Адам Сендлер: Кики Мукаетова ужива во Лондон (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Посебно доживување во Лондон

Тинејџерката Кристина Мукаетова на пошироката македонска јавност ѝ стана позната по улогата на Кики во серијалот „Дајте музика“, како и по учеството на Јуниорскиот Евросонг 2021 кога со „Green forces“ порачаа дека немаме резервна планета.

Таа во моментов е на патување во Лондон. Имено покрај преубавите знаменитости кои ги посетува, Кики имаше среќа и од блиску да ја види кралицата Камила, како и да се фотографира со познатиот актер Адам Сендлер.