ЃУБРЕ НА ОХРИДСКА ПЛАЖА: Туристите се згрозија од лошата миризба

Добивај вести на Viber

Расфрлано ѓубре на дел од охридските плажи беше најнепријатната слика  за нашиот најпопуларен туристички центар изминатиов викенд.

Зад плажата „Немо“ , на патеката која води до кафе-барот, начекавме расфлани канти и лоша миризба, токму на местото каде што туристите поминуваат за да стасаат до плажата. Дел од посетителите ја со гадење ја коментираа лошата слика, а дел затвараа нос додека поминуваа покрај расфрланите канти. 

Охрид беше полн со туристи, а градот освен содржините на Охридско лето, понуди и неколку улични забави: хосрки и фолклорен фестивал и мини концерти во центарот. (М.Џ.)